Насловна / Архитектура / „Сончевата страна на модернизмот“

„Сончевата страна на модернизмот“

Денес во 10 часот во хотелот „Маестрал“ во Брела, Хрватска се отвора изложба „Сончевата страна на модернизмот“.
Населбата Брела сместена на 15 километри од Макарска е познато име во туристичките кругови благодарение на природните убавини, но позната е и во архитектонските кругови благодарение на архитектите од Хрватска и хотелот „Местрал“.

1
По повод одбележувањето на 50. годишнината од првата туристичка награда “Шампион на туризмот“ во хотелот „Маестрал“ во Брела, дело на архитектите Анте Рожиќ, Јулије ДеЛука и Матија Салај и автор на ентериерот Бернард Берди поставена е изложбата „Сончевата страна на модернизмот“. Изложбата е поставена во јавните простори на хотелот „Маестрал“. Значаен дел на изложбата претставува токму серијата реализации на туристички проекти на доајенот на архитектурата во Хрватска Анте Рожиќ, кој токму во Брела ги реализирал некои од своите најзначајни дела. Хотелот „Маестрал“ е едно од канонските дела на хрватскиот висок модернизам, можеби и најубавиот хотел на хрватскиот јадрански брег, а денес превентивно е заштитен како културно наследство. Хотелот сеуште е во недопрена состојба, а елегантниот и софистициран јавен простор се прекрасен амбиент за изложба која ја следи еволуцијата на туристичките типологии на преминот од 60-тите кон 70-тите години од минатиот век, кога токму Брела станува светски релевантно место на архитектонските истражувања. Во прилог на ова говори и фактот што туристичките објекти во Брела, но и на други места на хрватскиот јадрански брег, се важен дел на изложбата Concrete Utopia (Конкретна утопија) поставена во њујоршката МоМА, каде се претставени низ исти аналитички аксонометрии кои ќе бидат прикажани во „Маестрал“. Целта на оваа изложба е да се укаже на исклучителната вредност на овие хотели, а осбено на хотелот „Маестрал“ за чија иднина треба многу внимателно да се размисли.

02-cb
Проекти кои се прикажани на изложбата: Хотел „Маестрал“ (Анте Рожиќ, Јулије ДеЛука и Матија Салај, ентериер Бернард Берди 1962 – 1965), Брела; Хотел „Берулиа“(Анте Рожиќ, ентериер Бернард Берди 1968 – 1970), Брела; Вила „Берулиа“(Анте Рожиќ 1967 – 1970), Брела; Туристички центар Брела (Анте Рожиќ, ентериер Бернард Берди 1967 – 1969), Хотел „Соларис“ (Борис Магаш 1967 – 1968), Шибеник; Хотел „Адриатик II“ (Бранко Жнидарец, 1971), Опатија.

Berulia_front-side_negative-scan_Karoly-archive_19048-700x350
Кустоси на изложбата се Мароје Мрдуљаш (Архитектонски факултет во Загреб), Мира Станиќ. Носител на изложбата и реализатор на уметничко – истражувачкиот проект е Архитектонскиот факултет во Загреб, а раководител на уметничко – истражувачкиот проект е Горан Рако.

42392848_10217187783117339_5334075869524656128_n

Испрати коментар

Scroll To Top