Насловна / Архитектура / Сончев удар – авангарда на XXI век

Сончев удар – авангарда на XXI век

Смела пластична игра со обемот на гигантскиот станбен комплекс. Сложена силуета, прекрасни агли и потсетник дека авангарда е сè.

Архитектонско студио АБ  Остоженка.

Проектанти архитекти:  Александар Скокан, Раис Баишев, Димитриј Гушев, Кирил Смот, Ендрју Гнездилов.

Проект – Станбен комплекс во Одинцово, Московска област.s.o.1s.u.2s.u.3

Москва е позната по многубројните сателитски населби-градови во областа каде уште од Советско време доминираа густо збиени дваесеткатници со пространи околни зелени и прилично добро решени дворни површини за игра и забава на деца и возрасни. Ова е еден пример каде исто така се барало задоволување на желбата на инвеститорот за голем број станбени единици на ограничен простор на градежната парцела, но со задоволување на новите современи потреби за хуманост на живеење. Проектот во Одинцово беше вброен меѓу 20 најдобри решенија за живеење во станбени единици во Русија во 2014 год.172817

Специфичноста на овој проект е и во тоа што територијата на станбениот блок е на бившо транспортно депо и околна постојна станбена градба од постаро време, со план постепено да се рушат старите зданија и да се градат нови (нешто слично со тековниот проект за населбата стар Аеродром во Скопје). Сепак, со решението особено се внимава на обезбедување на доволно светло и сонце како за станбените решенија на проектот така и за околните згради, постојни и идни.

s.u.8aaa

Тоа се прави со следните архитектонски решенија:

–          правилна ориентација на станбените блокови, пониските до седум ката на јужната страна, што овозможува јужна сончева светлина на целиот комплекс;

–          станбените решенија во блоковите се со внатрешни дворови, што овозможува помошните простории во становите  да бидат внатрешно осветлени и вентилирани, а сите останати животни простори се со доволно природно светло;

–          грандиозните арки му даваат доволен провев и контакт на внатрешниот и надворешниот простор на станбениот комплекс;

–          приземјето–дворот е чист пешачки простор, што Русите знаат добро да го осмислат со прекрасни решенија за одмор и рекреација на децата и возрасните жители;

–          сообраќајот и паркинзите се под земја без вкрстување со пешачките површини;

–          фасадните решенија се извонредно возбудливи, чисти, со современи архитектонски решенија и материјали, примена на енергетски решенија и предизвикувачки колорит, со возбудливи сенки овозможени од сеприсутноста на сонцето, како производ на убавите архитектонски решенија. Тоа е тој, во буквална смисла на зборот, Сончев удар.

s.u.11s.u.6 s.u.9

Играта на станбените блокови со висински скокови од 7 до 22 ката, ја дообликуваат скулптуралноста на проектот.   s.u.12s.u.10qqqs.u.4

Верувам дека фамилиите што ќе живеат во овој станбен комплекс ќе ја имаат привелегијата да им бидат задоволени сите потребни општествено-социјални и здраствени услови за нормален и мирен живот во убавото Подмосковје.

И на крај, како мала дигресија со нашиот станбен урбанизам. Би сакал, во мојот Аеродром барем донекаде да се случеа вакви сончеви удари, а не густо наредени десеткатни станбени кутии во „квази“ модерна станбена населба, без некоја забележлива хуманост на живеењето. Но за тоа во друга прилика.

 

 

2 коментари

  1. За да се случат вакви комплекси кај нас, треба да има укрупнување на парцелите, а кога од секоја барака/бавча никнува зграда тогаш резултатите се такви какви што се.

    Сепак, можеле да внесат малку повеќе варијација во објектов, делува премногу гломазно и еднолично.

  2. SE slagam deka ova za nasi pojmovi deluva preglomazno, no da ne se zaboravi toa e Moskva i sistem na stanbeno ziveenje vo koe – sekoj koj ima pari , a se poveke se takvi, svojot “raj” go pravat na svoite vikendici vo Podmoskovjeto. Obicniot covek zivee vo sepak obicni stanbeni standardi vo okolnite naselbi, no so visok standard na okolnata infrastruktura. Mnogu parkovski povrsini ,igralista, setalista ,ezera i sl. ubavini. Narodot moze da uziva vo prirodata vo samata blizina na st. kompleksi Kaj nas TOA NE POSTOI. Edinstven uspesen model bese i ostana naselbata Aerodrom ,napravena od PRED 40 godini.

Испрати коментар

Scroll To Top