Општина Штип реализира конкретни активности во поглед на реализација на Владиниот план за субвенционирање на изградба на куќи за млади брачни парови до 35 години.
Покрај стандардните локации за продажба на плацеви кои ги нуди општината за продажба со реализација на програмата за оттуѓување на градежно земјиште со лицитација, Секторот за урбанизам веќе изработи и проекти за урбанистички планови со кои ќе се изгради комплетно нова населба за млади брачни парови, според Владиниот проект за субвенционирање на проекти за куќи за парови и млади до 35 години.
Локацијата на оваа мини-населба е до населбата Три Чешми, која се простира десно од патото за Штип, пред влезот во градот. Истата ќе биде изградена на потегот од Кампус 4 на штипскиот универзитет па до населбата Три Чешми. Предвидена е локација за 600 куќи со можност за проширување.
Оваа локација е непосредно до автопатот, до самата Индустриска зона и претставува сегмент кој ќе ја спои приградската населба Три чешми со почетокот на градот.
Општина Штип веќе изработи дизајн на населбата со типските куќи и истиот екскслузивно може да се види на porta3.com.mk