Доколку ви недостига сонцето оваа зима, ви предлагаме да го погледнете колекцијата трпезариски сет од брендот Hermes, која е претставена под името „Soleil d’Hermes“.
Колекцијата од 24 парчиња е најновото издание на семејството на садови La Table Hermes и содржи сè, од сад за шеќер до чинии за салата, тањири, шолји за кафе до чинии за сервирање.
Сите сончево жолта боја парчиња садови на Soleil d’Hermes имаат геометриски дизајн фино ицртан во црно и поставени на остра бела позадина. Апстрактните шари ги дизајнирала илустраторката Ariel de Brichambout, креативна директорка на La Table Hermes.
„Soleil d’Hermes“ ги задржува силните геометриски шари од претходните колекции, но додека „Bleus d’Ailleurs“ е инспирирана од порцеланот Минг, „Soleil d’Hermes“ поседува повеќе арт-деко естетика со својата модерна графика која го рефлектира изгледот на палмини листови, цветови и други природни форми.
„Soleil d’Hermes“ е исклучително весела колекција, идеална за летни прослави или зимски гозби кога сакате да внесете малку ведрина во вашите трпезарии.