Дрвената зграда на основното училиште и градинка во Швајцарија, која ја има дизајнирано архитектонската фирма „Скоп“ од Цирих е многу повеќе од објект која само убаво изгледа. Објектот произведува вишок енергија што ја користи заедницата. Овој енергетски ефикасен објект, кој исто така е и „јавна електрана“ се наоѓа во станбена населба, а енергијата ја црпи од повеќе од 1.100 соларни панели поставени на кровот. Овие соларни панели целосно ги покриваат енергетските потреби на училиштето и 50 дополнителни домаќинства. Покрај тоа, училиштето е визуелно поврзано со населбите со модерен цик-цак кров кој е типичен за овој регион.
Училиштето се наоѓа на површина од 55 илјади квадратни метри и во него учат 280 деца на возраст од градинка и основно училиште. Внатрешната светлина е организирана околу централната зона, цик-цак од источно-западната „кичма“ и отворениот простор за учење, што ги дели училниците и другите затворени простори, на север и југ. Флексибилноста е главната тема на дизајнот на ентериер, па мултифункционалната централна зона, околните училници и групните работни простории може да се поврзат преку голема порта, која поттикнува различни методологии на настава и учење.
“Поставена на нежна падина, зградата ја користи топографијата и ги поврзува различните области во согласност со пристапните патишта од каде што доаѓаат децата. На главното ниво, сите соби имаат корист од свитканиот покрив. Тоа изгледа како секоја училница да е независна мала куќа , што создава пријатна и домашна атмосфера за децата“, објаснуваат од компанијата „Скоп “.