Според пишувањето на Business Insider, соларниот покрив на компанијата „Тесла“ треба да се најде на пазарот ова лето. Цената уште не е позната, но како што изјавуваат од компанијата, тој ќе чини помалку отколку традиционалниот покрив со дополнително вградени соларни панели.
Откако новиот производ беше претставен кон крајот на октомври 2016-та во Лос Анџелес, директорот на компанијата „Тесла“ Илон Маск изјави дека соларниот покрив изгледа многу перспективно и дека би можел да и донесе голем успех на компанијата.
Видео: