Соларниот авион „Солар Импулс 2“ полета рано изутринава од Јапонија на петдневен лет над отворено море до Хаваи.
Авионот полета во 3.03 часот по локално време, по непланираната повеќемесечна пауза во Јапонија поради лошото време.
Летот до Хаваи е најдолг досега и е ризичен бидејќи постојат малку или воопшто и не постојат места за слетување во случај на вонредна ситуација.
Швајцарскиот пилот Андре Боршберг сам пилотира со соларниот авион.
Леталото полета од Абу Даби на 9 март, со повеќе од 17.000 полни соларни ќелии на своите крила.
Од Хаваите, авионот би требало да го продолжи летот до Феникс, а потоа преку САД и Атлантикот до Европа, по што ќе се врати во Абу Даби.
Проектот има за цел да го покаже потенцијалот на зголемување на енергетската ефикасност и чистата енергија, иако соларниот воздушен сообраќај се уште не е за комерцијална употреба.