Еден мал тим истражувачи и научници од Одделот за инженерство, математика и физика на University of Exeter од Велика Британија, дошле до неверојатно решение одржлива градба со генерирање на енергија на самиот објект.
Имено, се работи за соларни тули кои би можеле целосно да ја изменат изградбата на објектите во иднина. Замислете еден облакодер кој е комплетно самоодржлив. „Многу конструктивни материјали кои се применуваат на надворешната страна од објектите може да бидат генератори на енергија и со тоа да се направи сериозен исчекор кон барањата за енергија на глобално ниво“ велат од Универзитетот во својата изјава за јавноста.
Користејќи го ова во комбинација со соларната технологија, целта е производството на енергија за потребите на објектот да биде интегрирано во обвивката на самиот објект. Дополнителни бенефити од ваквата фасада се достапноста на природна светлина во објектот и добрите термоизолациони својства на новата тула. Засега проектот е развиен на ниво на прототип, а тимот е во потрага по локација каде што ќе биде изграден модел со примена на ова иновативно решение.