Многумина денес ја доживуваат електричната енергија како нешто сосема нормално и постојано достапно добро. Но, од друга страна, 1,6 милијарди луѓе на планетата немаат пристап до електрична енергија во своите домови, па користат керозински ламби или други извори на светлина.
Следниот концепт нуди едно од решенијата за надминување на овој проблем. Новата соларна склоплива ламба „Solar Puff“ потсетува на оригами фигурите. Се расклопува во три чекори, и направена е од лесен и издржлив материјал. Може да лебди над водата или да се користи во суви средини.
Ламбата се полни во текот на денот, при што полнење од осум часа е неопходно за осветлување 8-12 часа во текот на ноќта. Во внатрешноста на ламбата се наоѓаат 10 LE диоди, фотонапонска ќелија и литиум- јонска полимерна батерија.
Идејата на творецот на оваа едноставна соларна ламба е да им се олесни секојдневната рутина на оние што немаат пристап до електрична енергија, односно поттикнување одржливи практики во осветлувањето кај сите останати.