Насловна / Архитектура / Соларни „самоодржливи модули“ во различни сценарија

Соларни „самоодржливи модули“ во различни сценарија

self-sustained-modules-21
Архитектонското биро Cannata Fernandes Architects, осмисли решение на самоодржливи модули кои можат да најдат примена во различни сценарија, како: центар за посетители во природен резерват, соблекувална на плажа или сместување во случај на непогода.

self-sustained-modules-1

Овој елегантен, модерен префабрикуван објект може да биде користен во комбинација со постојната инфраструктура или може во целост да биде слободностоечки, а негоавата намена може да биде повеќеструка – од привремено сместување, опсерваторија, противпожарен пункт, бар или мала продавница.

self-sustained-modules-3

Самоодржливите модули се наменети за локации кои е тешко да се изменат и да се додадат постојани инфраструктури, физички невозможни или економски неизводливи. Тој доаѓа во комплет со вградени темели, конструкција, вода, канализација и електричен систем. Може да биде склопен во фабрика и транспортиран било каде со помош на камион или хеликоптер.

self-sustained-modules-4

Единицата е навистина самоодржлива, бидејќи доаѓа со сопствен извор на енергија со 20 фотонапонски панели и сет на соларни батерии кои можат да траат и до три дена. Таа доаѓа опремена со тоалет и мала кујна, како и со резервоар од 500 литри кои држат вода за три дена. Модулот дури и не мора да се приклучи на канализациски систем бидејќи има одвод на вода и канализација среден преку вакуум систем. Самоодржливиот модул доаѓа со опција  за загревање на вода и греење во ладни климатски услови.

Испрати коментар

Scroll To Top