Германската компанија Paxos Solar неодамна претставила нов тип на стаклени фотонапонски покривни плочки, кои ги напојуваат топлинските пумпи и ја намалуваат потрошувачката на енергија на домаќинствата за дури 20%. Компанијата планира до крајот на годинава да инсталира вакви плочки на 200 покриви, што би требало да придонесе во значајно намалување на емисиите на штетни гасови и популаризација на соларната енергија како клучен ресурс за иднината. Соларните покривни плочки претставуваат одговор на растечката побарувачка за одржливи решенија во енергетиката. За разлика од традиционалните фотонапонски панели, овие плочки имаат облик и функција на кровен покривач, со што се склопуваат во архитектурата на домот без потреба од дополнителен простор.
Paxos Solar ги развивал овие плочки во соработка со Техничкиот универзитет во Келн, повеќе од две години, а прототипот е тестиран во реални услови со цел да се обезбедат оптимални перформанси во различни климатски услови. Во изработката на плочките земени се во прдвид клучни фактори како што се температурата, оптичките загуби на светлина, влијание на околината и безбедноста. Истражувањата покажале дека плочките го подобруваат коефициентот ан перформански (COP) на топлинската пумпа за речиси една четвртина, во зависност од потребите за греење и временските услови. Ова претставува значаен чекор напред во однос на стандардните системи за греење и ладење. Плочките се произведени во соработка со кинеската компанија Longi. Секоја плочка има димензии 59,5cm x 48cm и има капацитет од 44W. Процесот на инсталација е поедноставен и поефикасен во споредба со традиционалните покривни системи. На покривот се поставува ефтина водоотпорна фолија над која се монтираат шини, а плочките се лепат на тие шини. Преку перфорираната долна страна на покривот, се овозможува минување на воздух кој се загрева од сончевите зрации се собира во системот цевки кој води до топлинските пумпи. Системот е тестиран на Универзитетот во Келн, при што се потврдени неговите предости споредено со традиционалните системи.