Насловна / Вести / Соларни пловечки фарми за производство на храна

Соларни пловечки фарми за производство на храна

Со зголемување на популацијата во светски рамки, постепено почнува да се намалува процентот на земјиште за производство на храна, што претставува еден од најголемите проблеми на денешницата.

Архитектонското студио Forward Thinking Architecture со седиште во Барселона предложува иновативно решение на проблемот: „пловечки фарми“. Овие соларни фарми се дизајнирани според моделот на традиционалните фарми, кои денес постојат и се поставени на водна пoвршина со цел да ја користат водата за производство на храна.

фарма-1

Овие фарми се целосно автоматски и претставуваат комбинација од соларна енергија, хидропоника и аквакултура, а реалноста на овој проект е испитана според современите материјали и технологија.

фарма-2 фарма-3

Структурата на фармите претставува инспирација од мрежната конфигурација на фармите за риба во Азија. Секој од модулите е со димензии 200 метри должина на 350 метри ширина, и може да се поврзе со други модули со што се формираат кластери.

фарма-4 фарма-5 фарма-6 фарма-8

 

Испрати коментар

Scroll To Top