Насловна / Вести / Соларни панели помеѓу железничките шини

Соларни панели помеѓу железничките шини

Швајцарскиот стартап Sun-Ways, пронашол начин како да ги интегрира производството на електрична енергија од обновливи извори и железничката инфраструктура. Компанијата монтира соларни панели помеѓу железничките шини и ги отстранува кога е потребно заради одржување на колосеците.

Стартапот добил одобрение од Федералната канцеларија за сообраќај, за тригодишен проект за поставување на соларни панели помеѓу железничките шини. Оваа идеја не е нова, но Sun-Way нуди и можност за привремено отстранување на панелите заради непречено одржување на железничката инфраструктура. Монтажата на овие соларни модули е можна и рачно и механички, со помош на специјализирана машини, со која инсталирањето е слично како поставување тепих додека машината се движи. На тој начин може да бидат инсталирани и по илјада квадратни метри дневно.

Пилот проектот започнува во кантонот Нешател, со поставување на 48 панели, во близина на железничката станица. Стартапот има големи амбиции, односно поставување на вакви панели долж целокупната железничка мрежа во Швајцарија со должина од 5.317 километри. Од друга страна, Меѓународната унија на железници изразува загриженост дека во соларните панели е можно да настанат микропукнатини, зголемувајќи го ризикот за појава на пожар во зелените подрачја, но и проблеми за безбедноста поради отсјајот коj би пречел на машиновозачите. Од стартапот уверуваат дека нивните фотонапонски системи се поотпорни од конвенционалните и дека постои можност за имплементација на антирефлективна технологија.

Испрати коментар

Scroll To Top