Градското комунално претпријатие „Komunalac“ од Копривница е првата компанија во Хрватска која постави Bigbelly паметни станици за складирање на отпадот. Набавени се станици Bigbelly и Bigbelly Smart кои поседуваат соларни плочи, поточно работат со помош на соларна енергија. Оваа енергија се користи за испраќање информации за исполнетоста на станиците, а претставува и потенцијална платформа за технички решенија кои подразбираат сензори за мерење на бучава, пешачки сообраќај, загадување на воздухот, Wi-fi hotspot.
Станиците ги намалуваат и оперативните трошоци за околу 80%, со што влијаат и на намалување на емисиите на јаглерод диоксид. Станиците поседуваат компактори за компресија на отпадот, а исто така вршат и одвојување на отпадот што може да се рециклира. Вредноста на една ваква станица е 8.800 евра.