Оваа мала куќа во Австралија на брегот на реката Муреј, има фотоволтаични модули и резервоари за собирање на дождовницата. Целта е оваа куќа да има минимално влијание врз околината. Дури и нејзиниот дизајн е минималистички со цел да не доминира врз пејзажот. Има површина од 96 метри квадратни, со голема тераса и значителен удел на застаклени површини. Куќата се грее на камин со биомаса, а од фотоволтаиците ја добива електричната енергија за сопствени потреби. Изградбата чинела 133.000 евра.