Насловна / Вести / Соларни ќелии: До 66% повисока ефикасност со промена на обликот?

Соларни ќелии: До 66% повисока ефикасност со промена на обликот?

Научниците можеби пронашле начин значително да ја зголемат ефикасноста на соларните ќелии, воведувајќи минијатурни куполи на површината ан органските соларни ќелии, со што нивната ефикасност би можела да се зголеми за две третини. Овие куполи овозможуваат апсорбирање на светлината под поширок агол.  Традиционално, соларните панели се рамни со цел максимално да ја искористат површината изложена на Сонце. Но, ваквата конфугурација е најефикасна само кога Сонцето е под одреден агол, па затоа панелите обично имаат наклон помеѓу 15 и 40 степени. Истражувачите експериментирале со различни облици на површината, вклучувајќи и вградување на сферни наночестички од силициум кои ја задржуваат сончевата светлина, овозможувајќи му на уредот да апсорбира повеќе енергија.

solar1

Во новата студија, тимот од Универзитетот Abdullah Gül во Турција, со сложени стимулации испитувал како испапчувањата во вид на купола би можеле да да подобрат ефикасноста на органските соларни површини. Истражувањето е фокусирано на фотонапонските ќелии направени од органски полимер P3HT:ICBA како активен слој, поставен над алуминиумот и подлога од PMMA, завршувајќи со транспарентен заштитен слој од индиум калај оксид. Анализата покажала дека соларните панели со испакнувања можат да апсорбираат од 36% до 66% светлина повеќе од стандардните, во зависност од поларизацијата на светлината. Иако физички модели на испакнати соларни ќелии сеуште не се изработени, овој принцип би можел да биде корисен не само за соларната енергија на покривите, туку и во системите со променливи светлосни услови, како преносната електроника. Ова истражување е објавено во часописот Journal of Photonics for Energy, претставувајќи значаен чекор во развојот на соларните технологии.

Испрати коментар

Scroll To Top