Локалната архитектонска фирма Munarq Arquitectes ја проектира винаријата Son Juliana, која се наоѓа на островот Мајорка. Освен што целосно ја добива електричната енергија од сончевата енергија, монтажната бетонска конструкција е изградена за само петнаесет дена и тоа со користење на природните локални материјали.
Внесувањето на зрелото грозје од лозјето се обавува во источниот дел на објектот, каде тоа се подложува на неколку процеси на обработка, се додека не дојде до просторијата за полнење во шишиња и конечно до западниот дел на објектот во кој е сместена просторијата за дегустација на вино.
Проектот од 1.300 квадратни метри може да произведе 40.000 литри вино годишно, пишува Inhabitat.
Монтажната бетонска конструкција на објектот е обложена со локалниот камен марис, додека во ентериерот се користени и блокови.
Објектот се лади со пасивна вентилација, а благодарение на ѕидовите од бетон и камен, како и на покривната изолација од плута се одржува удобна температура внатре.
Насловна / Архитектура / Соларната винарија со пријатна клима благодарение на покривната изолација од плута