Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Соларната централа STE Ivanpah прогласена за проект на годината

Соларната централа STE Ivanpah прогласена за проект на годината

ivanpah
Американскиот портал ‘Renewable Energy World.com’ пренесува дека, на свеченото доделување на годишните награди на американската издавачка компанија PennWell одржано на 8.12.2014, соларната централа  STE Ivanpah е прогласена за „Проект на годината во категоријата обновливи извори за 2014“.

Како што се истакнува, оваа година победникот е одреден во конкуренција од пет финалисти. Инаку, оваа централа се наоѓа во Калифорнија, во пустината Мохаве, и е изградена со заедничко вложување на компаниите BrightSource EnergyNRG Energy и Google. Постројката се состои од 173.500 хелиостати кои го насочуваат сончевото зрачење кон неколку кули. Генерираната топлина овозможува продукција на пареа за погон на две парни турнини со моќност од 123 MW. Се работи за најголема соларна централа во светот. Истовремено, се посветува големо влијание и на заштитата на животната средина, односно се користи принцип на суво ладење, со што потрошувачката на вода е ограничена на минимум.ivanpah-towers

Испрати коментар

Scroll To Top