Во провинцијата Гансу во Кина, изградени се две кули високи 200 метри, во комбинација со низа од 30.000 огледала во концентрични кругови. Станува збор за нова електрана која ќе произведува над 1,8 милијарди KWh електрична енергија годишно, со примена на соларно термалната технологија, односно концентрирана соларна енергија. Со оваа технологија, сончевата енергија се трансферира до посредна работна течност, со помош на која се генерира пареа за работа на турбината. Во светот има повеќе примери ан комерцијални електрани од овој тип, а најголемата е Noor Complex Solar Power Plant во пустината Сахара во Мароко со капацитет од 510MW.
Кинеската постројка најавува 24% повисока ефикасност од својата конкуренција, поради фактот што огледалните површини имаат ефикасност на рефлексија од 94%. Досега се комплетирани 90% од изведбените работи, а се очекува пуштање во погон подоцна во текот на оваа година.