Во Сандиба Окаванго, Боцвана, изградена е одржлива сафари колиба, која со своето присуство и функционирање претставува вистински еколошки бисер.
Оваа неодамна отворена сафари колиба е дизајнирана од архитектите Мајкл Бојд и Ник Плуман, која во исто време се вклопува во пејзажот и истовремно се издвојува од локалната архитектонска типологија со својата заоблена форма од дрво.
Впечатлива и скулптурална колиба со 24 кревети која гледа на брегот на реката Сандиба – воден пат кој е богат со животински видови од жаби до нилски коњи.
Како одржлива колиба својот облик го должи на панголин, загрозено животно кое е со потекло од Африка. Архитектите ја обложиле заоблената фасада со природна и локална шиндра и ткаени фиданки во обид да се минимизира и задржи еколошката основата на објектот. Колибата е целосно без бетон, и соларните панели обезбедуваа електрична енергија.
Заоблените облици, кои се повторуваат и во ентериерот на колибата, содржат 12 апартмани кои имаат изглед на закачени гнезда за ластовички и големи дрвени сводови кои потсетуваат на внатрешниот карактер на катедралите.
Ентериерот на колибата има минималистички декор, со цел да се задржи фокусот на пејзажот.