Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Соларна HALO куќа од Шведска

Соларна HALO куќа од Шведска

52450b1fe8e44e67bf0001dd_halo-swedish-students-solar-decathlon-entry_halo_in_the_evening
Студентите од Технолошкиот факултет Чалмерс (Chalmers University of Technology) од Шведска, го претставија своето видување на куќа за студенти (проектирана токму од студенти). Се работи за пасивна куќа која користи соларна енергија, а минатата година е претставена како проект на овој универзитет за Соларниот декатлон во Кина.

Името го добила според оптичкиот феномен околу сонцето кој потсетува на виножито. Ентериерот е направен од локално произведено дрво од Скандинавија. Покривот има округла форма и е направен од силициумски монокристални фотоволтаични ќелии, монтирани преку водоотпорна поликарбонатна мембрана. Со овој проект, тимот од 25 млади стручњаци го зазеде третото место на споменатиот натпревар во Кина.

 

Испрати коментар

Scroll To Top