Калифорнискиот мегалополис стартуваше со програмата за откуп на електричната енергија од фотоволтаичните системи поставени на покривите од зградите. Програмата Clean LA Solar овозможува сопствениците на зградите на кои има инсталирано фотоволтаици, целокупната енергија да му ја продадат на Градот, за да подоцна биде дистрибуирана низ градската мрежа.
Се очекува програмата да овозможи зголемување на инсталираниот капацитет со оваа технологија до 150 MW. Калифорнија е водечка американска држава по соларните капацитети, а планира до 2020 година 33% од потребната енергија да се произведува од обновливи извори.