Неодамна во Јордан беше пуштена во погон нова соларна електрична централа со моќност од 12 MW која се протега на површина од 25 ha. Интересно е што оваа централа произведува електрична енергија за потребите на кралскиот двор, како и за 21 владина установа, домови за незгрижени деца, инвалиди и пензионери. Се работи за имплементација на втората фаза од еден покомплексен проект за промовирање и искористување на соларната енергија во Јордан. Првата фаза од проектот е завршена во 2015 година. Истовремено, ова Кралство има поставено амбициозна цел да оствари инсталирана моќност од дури 1600MW од соларни извори до 2020 година.