Управата за улици и сообраќај (RTA), која е оператор на јавниот градски превоз во Дубаи, започна со амбициозен проект за инсталирање на фотонапонски електрани на крововите на станиците на подземната железница во одредени квартови. Се очекува во склоп на проектот, кој би требало да биде довршен во првото тромесечие на 2024 година, да се добијат 9,959 MW нова инсталирана моќност од сончевата енергија. Покрај тоа, проектот ќе продонесе кон целта на управата на овој град – јавен превоз без емисии до 2050 година. Имено, дубајската градска управа сака истовремено да ги декарбонизира сите такси возила, лимузини и автобуси и да ги проектира и изведе новите згради со речиси нулта потрошувачка на енергија.
Минатата година RTA објавила и дека благодарение на усвојувањето на зелени политики, остварени се годишни заштеди на ниво од дури 86 милиони долари, а во настојувањата за намалување на потрошувачката на електрична енергија, вода и гориво, реализирани се 36 зелени енергетски и економски иницијативи. Конечно, Обединетите Арапски Емирати се прва земја од Пресискиот залив која се обврзала на постигнување на нулта емисии до 2050 година.