Насловна / Вести / Соларна електрана од 2.000 MW пуштена во погон во ОАЕ

Соларна електрана од 2.000 MW пуштена во погон во ОАЕ

Соларната електрана Al Dhafra , со инсталирана моќност од 2.000 MW, отворена е во Обединетите Арапски Eмирати (OAE), домаќинот на овогодишната конференција за климатските промени – COP28. Проектот е изведен од страна на енергетската компанија TAQA, под контрола на владата на Абу Даби, Masdar која е во сопственост на ОАЕ, француската EDF Renewables и Jinko Power, со седиште во Кина. Централата е сместена 35 километри јужно од Абу Даби, и се простира на 20 квадратни километри пустина. Има речиси 4 милиони бифацијални панели. Станува збор за електрана која по својот капацитет е меѓу првите пет во светот.

aldhafra1

Нарачател на проектот е државната Emirates Water and Electricity Co. (EWEC). На тендерот е постигната најниска цена на светот, 13,5 долари по MW, а потоа е снижена на 1,32 долари. TAQA поседува 40% од проектот, а Masdar, EDF Renewables и Jinko Power по 20%. EWEC во 2020 година потпишува со овие компании 30 годишен договор за откуп на електрична енергија. ОАЕ во моментот се на второ место во светот според потрошувачката на соларна енергија по глава на жител. Од друга страна, државната нафтена компанија ADNOC планира најдоцна до 2027 година да го зголеми производството на сирова нафта од сегашните три милиони барели дневно на пет милиони.

aldhafra2

 

Испрати коментар

Scroll To Top