Компанијата Resalta оваа година ќе постави соларна електрана со инсталирана моќност од 500 kW на покривот на аеродромот „Јоже Пучник“ во Љубљана. Со овој најголем аеродром во Словенија управува германската компанија Fraport, еден од водечките светски оператори на аеродроми.
Поставувањето на соларната електрана, според Resalta нема да пречи на вообичаената работа на аеродромот, а ќе произведува електрична енергија доволна за покривање на 10% од потребите на аеродромот. Со тоа ќе се подигне одржливоста на овој комплекс и ќе се намали емисијата на CO2 за 250 тони годишно.