Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Соларна централа во облик на срце

Соларна централа во облик на срце

caledonia-solar-2-1
Во Нова Каледонија, архипелаг во Тихиот Океан, почна изградбата на соларна централа во облик на срце која сигурно ќе биде најубава на светот. Оваа централа со моќност од 2 MW официјално ќе биде пуштена во работа на почетокот на следната година и ќе произведува електрична енергија која ќе може да снабдува 750 домаќинства.

Се очекува да биде во погон во наредните 25 години, а за тоа време ќе оствари редукција на емисиите на јаглероден диоксид од два милиони тони. Централата ќе се вика „Срцето на Нова Каледонија“ и ќе биде сместена на најголемиот остров од архипелагот. Ќе се состои од 7.888 фотоволтаични модули со интересен распоред во форма на срце кој ќе може да се види само од височина.

Испрати коментар

Scroll To Top