Во рамките на реконструкцијата на стадионот во Ниш, планирано е и поставување на фотоволтаични модули на покривот, со вкупен инсталиран капацитет од 1 MW. Ова ќе биде прв пример за ваков стадион во регионот, иако и Хрватска е на добар пат да го направи истиот чекор, и тоа со стадионот “Velika Gorica”.
Инаку, најголемиот стадион на светот кој произведува електрична енергија се наоѓа во Тајван со капацитет од 55.000 места. Се работи за првиот соларен стадион во светот, изграден во 2009 година. Во Европа, во 2010 година отворен е првиот соларен стадион во Германија, во Фрајбург. Оваа година во Бразил ќе биде отворен првиот соларен стадион, изграден по повод претстојното Светско првенство.