Двочленото студио Bigert & Bergström (B&B), специјализирано за општествено ориентирани уметнички проекти го создадоа Solar Egg, скулптурална комора, сауна во облик на јајце, која за прв пат е инсталирана 2017 година во Кируна, најсеверниот град во Шведска.
Тие го конструирале Solar Egg како одговор на деиндустријализацијата на северните градови во Шведска, обложувајќи ја структурата со железна руда, која традиционално е важен извор на приход за регионот. Откако првпат го поставија во 2017 година, „јајцето“ освои неколку награди за дизајн на највисоко ниво.
Solar Egg е направено како социјална скулптура каде локалното население и посетителите на градот можат да се сретнат и да разговараат за своите предизвици. Во арктичката клима на Лапонија, сауната зазема клучна улога, како просторија за топлина и размислување. B&B ја прифатија оваа традиција и развија скулпторски симбол што поттикнува мисли за повторно раѓање и инкубатор што негува разговор и размена на идеи. Во текот на летото 2017 година, Solar Egg беше преместено понатаму, на планините на Лапонија, во Абиско и Бјорклиден.
Solar Egg беше и на светската турнеја почнувајќи од 2017 година, која вклучуваше поставувања во Париз и Копенхаген. А во 2018 и 2019 година во Solar Egg можеа да уживаат и жителите на Стокхолм, Минеаполис, Ратвик.