Импресивен пример кој ќе ја поттикне е-мобилноста во градовите, доаѓа од германската компанија Sol Motors. Се работи за паметно, добро дизајнирано и инженерски перфетно изведено превозно средство кое иноваторите го класифицираат како нешто помеѓу електричен велосипед и мотоцикл. Сепак, со оглед на своите перформанси, повеќе припаѓа кон категоријата мотоцикли.
Постинува одличен баланс со помош на лесната конструкција од алуминиум и има тежина од само 55 килограми. За да обзебеди повеќе опции за купувачите, компанијата создала две верзии – Pocket Rocket S или L1e, со максимална брзина од 50km/h и моќност од 6hp, и Pocket Rocket L3e со максимална брзина од 80km/h и моќност од 8,5hp. Моделот L3e е претставен минатата седмица на INTERMOT International Motorcycle Fair во Келн. Компанијата е добитник на германската награда за дизајн за 2018 година.