Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Сојуз на стопански комори: На Македонија и се потребни технолошки паркови

Сојуз на стопански комори: На Македонија и се потребни технолошки паркови

Tehnoloski park Varazdin

Сојузот на стопански комори (ССК) иницира предлог за отворање технолошки паркови во Македонија.На  прес – конференцијата одржана во петокот, извршниот директор на ССК Митко Алексов, потенцираше дека технолошките паркови се практично спој на науката, државата, планските региони (општините) и приватните инвеститори, а нудат даночни ослободувања, како и ослободувања од царина за увоз на стоки наменети за капитални инвестиции. Важни се за опстанок и развој на современите индустрии, ги поттикнуваат малите и средните компании ориентирани кон високи технологии, го забрзуваат процесот на модерното претприемништво, го овозможуваат растот на старт-ап бизнисите и придонесуваат за стопански развој базиран на знаење. „Сметаме дека Македонија треба да се насочи кон етаблирање вакви паркови кои ќе претставуваат средина што привлекува домашни и странски инвестиции. Во технолошките паркови доминантни се знаењето и иновативноста за сметка на суровините, енергијата и физичката работна сила„, подвлече Алексов, додавајќи дека со примената на нови технологии (микроелектроника, биотехнологија, нано материјали и сл.) се менува начинот на производство, се подобрува квалитетот, се зголемува продуктивноста на трудот и се придонесува за почиста животна средина како резултат на одржливите практики.

Tehnoloski park BGD otvoranje

Инаку, земјите од регионов сериозно се зафатија да ги развиваат технолошко развојните компании како носители на идниот економски раст. Така, првиот научно – технолошки парк во Бугарија почна да работи на 11 декември минатата година. Technology + Innovation Network е проект на државната компанија “Софија тех парк“, во кои што досега се вложени 38 милиони евра, обезбедени од европските фондови. Научно – технолошкиот парк во Белград почнал да се гради уште пред 26 години, но конечно проектот е завршен минатата година, кога паркот официјално е основан од страна на Владата на Србија, Градот Белград и државниот Универзитет во Белград. Во просторот на НТП Белград веќе работи бизнис инкубаторот на технолошките факултети од Белградскиот универзитет, кој што веќе “одгледа“ 50 компании што вработуваат 300 инженери. Финансиска поддршка даде владата на Швајцарија.НТП Загреб ќе се развива и опремува во соработка со загрепскиот Универзитет, а стартапите што ќе работат во паркот ќе имаат неколку облици на поддршка од кои што најважна ќе биде техничката поддршка и менторството од искусни професионалци. Во рамките на Технолошкиот факултет во Вараждин веќе функционира Технолошки парк (VA Tech Park)

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top