Индо-австралиската уметница Niharika Hukku е родена во Индија и по долги и бројни патувања во Нов Зеланд, Сингапур и Индонезија, одлучила да се стационира во Австралија и таму да креира убави керамички вазни и рачно да ги слика со најубавите мотиви од природата.
Импресивноста во делата на оваа авторка лежи во откривањето на убавината во секојдневните појави, кои често не ги забележуваме, како синото небо „украсено“ со бели облаци или јато риби во аквариум.
Едноставно, нејзините елегантни керамички вазни служат како платно на коешто Niharika ги отсликува мотивите со златните рипки, деталните, шарени портрети на егзотичните птици, како и деликатните семиња на глуварчињата на чиста бела заднина.