Picot Residence е одличен пентхаус апартман со прекрасни декорации и скапоцен мебел, кој е дизајниран од страна на архитектонското студио Pepe Calderin Design во Њујорк.
Инспиративeн и шик, станот „раскажува“ приказна за елементи кои го украсуваат. Моќната комбинација на бои и материјали е очигледна: смели црвени украси соочени со темни нијанси, и дрво комбинирано со кожа. Мазните текстури даваат фина нота на софистицираност. Осветлувањето игра важна улога во креирањето на посебен амбиент. Елеганцијата и посебноста го дефинираат овој простор.
Дизајнерите не се плашеле да користат бои, донесувајќи свеж, енергичен и визионерски пристап во процесот на проектирање. Резултатот е жив ентериер, простор кој нема граници, и има бескрајни можности.