Модерниот и софистициран ентериер на апартман со локација во Полска е дело на дизајнерското студио Kuten Studio и се фокусира на употреба на комбинација од бели и земјени тонови и нијанси. Просторот е решен како дуплекс апартман при што на долното ниво се поставени дневната просторија и кујната со трпезарија, додека на горниот кат до кој се пристигнува преку скала се наоѓа спалната просторија.