Софиското метро е брзо превозно средство за жителите на бугарската престолнина. Отворено е на 28-ми јануари 1998 година. Се очекува за проектот на негово проширување, Бугарија да добие од европските фондови 271 милиони евра, за нови шест станици. Средствата ќе стигнат од Планот за опоравување на Европа од коронавирусот. Шесте нови станици ќе се наоѓаат на потегот од паркот “Воена академија“ до „Цариградскиот булевар“, низ делот од градот наречен Слатина. Тендерот трае до 14-ти април, а се очекува изградбата целосно да биде завршена до 2024 година.
Инаку, метрото во Софија има четири меѓусебно поврзани линии, со вкупно 43 станици и должина од 48 километри.