Насловна / Вести / Софиската постројка за третман на отпадни води се проширува со нова единица за биогас

Софиската постројка за третман на отпадни води се проширува со нова единица за биогас

Постројката за третман на отпадни води во близина на Кубратово во бугарската престолнина, додала дигестор со волумен од 7.000m3 за ферментација на муљ. Оператор на постројката е компанијата Софийска вода АД, која е подружница на француската Veolia. Софийска вода произведува вода за пиење и управува со отпадната вода за 1,4 милиони жители на Софија.

sofia3

sofia1

 

Француската компанија тврди дека оваа постројка е втора по енергетската ефикасност помеѓу 2500 вакви постројки. Изградбата на дигесторот за генерирање на биогас од муљ, чини 3,1 милиони евра и ќе го зголеми капацитетот за производство на зелена енергија за 25% во Софийска вода АД. Биогасот добиен од вкупно четирите постоечки дигестори (без новиот, петти по ред)  на оваа локација се користи како гориво во когенерацискиот систем кој произведува 24.000 MWh електрична енергија годишно.

sofia2

Софийска вода АД управува со четири постројки за вода за пиење и две постројки за третман на отпадни води, како и три когенеративни постројки за производство на електрична и топлинска енергија.  Постројката во Курбатово, процесира повеќе од 350.000 mотпадна вода секој ден. Град Софија поседува 22,9% од Софийска вода АД.

Слична постројка за третман на отпадни води и биогас когенеративна постројка, неодамна е изградена во Крушевац во соседна Србија.

Испрати коментар

Scroll To Top