Трансформација на Софија од еден од најзагадените градови во Европа во водечки еко град во регионот. Ова е основната цел на група експерти и невладини организации од новата платформа „Софија – европска земена престолнина“. Платформата веќе му предложила на градското собрание, Софија да се кандидира на конкурсот “European Green Capital 2018”, организиран од Европската Комисија. Иницијативниот Одбор подготвува програма со мерки и проекти преку кои во следните 5-7 години, Софија од периферија на Европа ќе прерасне во престолнина зелен лидер со силен идентитет.Тие се убедени дека Софија може да биде „зелен град“.
Насоките се следни: посветеност на зелената економија и штедење на природните ресурси, одржлив транспорт, како и формирање на специјална научноистражувачка програма финансирана со 1,5% од вкупниот буџет на градот. Со тие средства ќе се финансираат проекти од оваа област, и ќе се привлекуваат експерти од целиот свет со свои решенија. Во тимот има голем оптимизам, кој го темелат на фактот дека само треба да се пресликаат добрите практики од модерните одржливи градови.