Насловна / Вести / Софија ќе гради трета метро линија

Софија ќе гради трета метро линија

Metro stanica  Obelia Sofija
Изградбата на трета линија на метро во Софија ќе почне кон крајот на оваа или почетокот на идната година, вели извршниот директор на софиското метро Метрополитен ЕАД, Стојан Братоев. Братоев заедно со градоначалникот на Софија Јорданка Фандакова ги посети изведбените работи на продолжувањето на втората линија која е во тек на југот на Софија.

metro-sofija1
Третата линија на метрото ќе биде долга 16 километри и ќе има 18 станици. Братоев потенцира дека изградбата на првата фаза од проектот од 7,8 километри и 8 станици, најверојатно ќе почне на пролет 2016 година.

Испрати коментар

Scroll To Top