Насловна / Вести / Софија ги зајакнува мерките против загадувањето на воздухот – можни и рестрикции во сообраќајот

Софија ги зајакнува мерките против загадувањето на воздухот – можни и рестрикции во сообраќајот

И во бугарската престолнина воздухот ретко е во дозволените граници на загадување со PM честички, однодно под 50. Затоа, Општина Софија има утврдено протокол кој се применува во случаите кога загадувањето ја надминува дозволената вредност. Една од мерките е активирањето на т.н меѓузони за паркирање, односно возачите кои имаат билети за јавен превоз, ги паркираат возилата подалеку од центарот, пред неколку метро станици. Цената на јавниот превоз, односно т.н зелена дневна пропусница чини само еден лев.

Градоначалничката на Софија, Јорданка Фандакова, апелира домаќинствата да користат почисти решенија за греење наместо фосилни горива. Организирано е и дополнително миење на улици, но активни се  и бројни инспекциски тимови со цел идентификување на изворите на загадување, вклучувајќи градежни активности, комерцијални и индустриски објекти.

Министерството за сообраќај, информатики технологии и комуникации дозволува исклучување од сообраќај на возилата кои се поголеми загадувачи, особено во посебните зони од градот каде се пропишани пониски емисии на штетни материи. За успех е потребна сериозна работа со непопуларни мерки, признава Фандакова алудирајќи првенствено на ограничувањата во сообраќајот.

Софискиот градски суд во септември ги има објавено деталите во однос на обврските кои ги наметнува на локалната самоуправа. Меѓу другото, градската власт има задача на својата веб страна и на фејсбук редовно да објавува податоци за квалитетот на воздухот, заедно со информации за фрекфенцијата и распоредот на миењето улици, и активностите поврзани со засадување дрвја.

sofiaair1

sofiaair2

sofiaair3

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top