Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Софија домаќин на интересна саемска манифестација

Софија домаќин на интересна саемска манифестација

Sofija saem za pametni gradovi-logo
Бугарската метропола два дена е домаќин на 11-тата по ред манифестација Саеми и конференции за Југоисточна Европа, која ги обединува следниве тематски насоки: „Smart Cities“ (паметни градови), „Енергетска ефикасност и обновлива енергија“ и „Save the Planet“ (управување со отпад и рециклирање). На саемската манифестација учествуваат изложувачи од 22 држави. Од тимот на Виа Експо велат дека годинашното издание бележи тренд на силно учество на странски компании, кои имаат севкупен удел од 46% од вкупниот број на изложувачи. Македонски компании не учествуваат на овој саем.

Во рамките на „Save the Planet“, изложувачите  претставуваат решенија за рециклирање, искористување, собирање, транспорт и третман на различни видови на отпад. Саемската манифестација го поттикнува интересот кон темата за паметни градови. Изложувачите нудат решенија за автоматизација и контрола на осветлувањето, греењето, ладењето, климатизацијата и безбедноста. „Smart Cities“ нуди алтернативи за подобрување на сообраќајот, контрола на пристап и паркирање, но и ги популаризира методите на претворање на класичниот автомобил во електричен.

Предавачи од познати европски асоцијации и институции презентираат прашања кои се поврзани со добри практики, законодавни иницијативи, технолошки иновации и финансиски инструменти. Сесиите „Кружна економија“ и „Иднината на топлификациите во Европа“ предизвикуваат  интерес од страна на бизнисот и општините кон заеднички инвестициски проекти.

http://viaexpo.com/htdocs/images/fm/final.jpg

 

Испрати коментар

Scroll To Top