Објектот со површина од 10.612 m², проектиран е по последните архитектонски трендови и согласно глобалните еколошки стандарди во деловниот центар во Нов Белград. Во склоп на објектот„паметна зграда“ ќе се наоѓа мини централа за производство на електрична енергија и паркинг со соларни полначи за возилата на електричен погон. Со цел да се подобрат условите за работа и истовремено да се остварат значајни заштеди на потрошувачката на енергија (електрична и топлинска), сите системи ќе бидат интегрирани во BMS (Building Management System).
Ќе постои и посебен систем за рекуперација на дождовницата што ќе се употребува во технички цели. Планираниот рок на почеток на изградба е крајот на летото, а се очекува зградата да биде целосно завршена во првиот квартал на 2016 година.