Насловна / Градежништво / Сочи: Висечки мост од кој застанува здивот

Сочи: Висечки мост од кој застанува здивот

akjw9qvnbovzcjarlfjj
По Зимските олимписки игри одржани во Сочи, руското монденско место за зимување стана празно. Бројните хотели и објекти изградени за потребите на ЗОИ, останаа без гости, па градот реши да вложи уште малку за да направи уште една атракција, со цел да ги привлече туристите и вон сезоната за скијање. Се работи за најдолгиот висечки пешачки мост на светот. Сместен на најекстремниот дел од националниот парк Сочи, мостот долг 500 метри, се простира над живописен кањон длабок скоро 200 метри. Пред оние што се осмелуваат да преминат преку мостот, се пружа прекрасен поглед на планините и реката од кој застанува здивот. Доколку самото преминување на мостот не Ви се чини доволно возбудливо, постои можост и за банџи скокови.

За изградба на овој неверојатен мост биле потребни две години, а вградени се 2.000 метри кубни бетон.
AJ-Hackett-Sochi-Suspension-Bridge-1
Проектиран е да издржи земјотрес од 9 степени по Рихтер, и товар од 3.000 луѓе истовремено.
Sin título

Испрати коментар

Scroll To Top