Насловна / Архитектура / Собрание за промена на Статутот на ААМ

Собрание за промена на Статутот на ААМ

Претседателот на Собранието на ААМ, Искра Јанковска – Михајловска, ги известува членовите дека поради законските правила за електронско гласање кои не се внесени во Статутот на Асоцијацијата на архитекти на Македонија,  неопходно е да се одржи Собрание на ААМ со физичко присуство и да се модернизира организацијата.

Од овие причини се закажува ново Собрание на кое се очекува членовите на ААМ бидат физички присустни и заедно ги изгласаат промените кои се неопходни за опстојувањето на ААМ.

Собранието ќе има само една точка, а тоа е:

Гласање за измена на Статутот на ААМ

Прашањето ќе гласи:

Дали се согласувате Статутот на Асоцијацијата на архитекти на Македонија да се измени и во него да се вметне измената за начинот на гласање. Освен гласање со физичко присуство да постои опција за електронско гласање, односно гласање без физичко присуство преку верификуван софтвер за електронско гласање.

ДА          или             НЕ

Доколку мнозинството на членови се сложи, измените на Статутот ќе бидат внесени во Централниот регистер и ќе можеме преку системот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ), да се гласа за новиот Управен Одбор и за нов Претседател на Собранието на ААМ.

Појаснување:

Собранието ќе се одржи во просториите на КОАИ на 23.04.2024. година.

На влезот на КОАИ ќе има кутија и ливчиња со кои ќе може да се гласа од 9:30 до 15:30 часот на 23 април 2024 (вторник).

100

Испрати коментар

Scroll To Top