Одгледувањето растенија во затворен простор може да биде голем предизвик, дури и ако сте многу талентирани за градинарство на отворено.
Причината за тоа е главно нивното потекло, што во голема мера е спротивно на условите што ги имаме дома. Многу домашни растенија доаѓаат од тропски региони и џунгли каде што крошните на дрвјата постојано ја филтрираат сончевата светлина. Затоа, не е препорачливо таквите растенија да се чуваат директно изложени на сонце.
Поставувањето растенија во близина на прозорци не само што го збогатува естетскиот изглед на домот или канцеларијата, туку носи и бројни придобивки за растението. Затоа, изборот на вистинските растенија за ова место може значително да го подобри нивниот квалитет и да го направи просторот попријатен за живеење.
Во следните редови ќе ве запознаеме со растенијата кои ги обожаваат сончевите простори…
АЛОЕ ВЕРА
Ако барате растение кое не изискува многу одржување, не барајте понатаму од Алое Вера. Волшебниот гел кој се наоѓа во листовите на ова растение делува како совршена прва помош за помали исеченици, изгореници, егзема итн. Алое Вера е многу лесно се расадува и сака саксии како што се оние од теракота кои го поттикнуваат нејзиниот раст. Со ова растение нема да имате некои поголеми проблеми бидејќи поднесува суша и сака умерена влага, додека едноставно ги обожава сончевите делови од станот.
ТОЛЧНИЦА
Со своите цврсти стебла и интересни месести лисја, растението е најпопуларното домашно растение за сончеви делови покрај прозорец. Потребни ѝ се најмалку четири часа сончева светлина дневно, така што прозорецот свртен кон југ би бил најдоброто место за неа. Иако изгледа како вид на кактус, не е, што значи дека ќе и треба редовно залевање.
ЦИКАС ПАЛМА
Ова растение расте бавно и лесно ќе го најде своето место во модерните домови. Цикас палмата не цвета е растение кое ретко ги отфрла своите лисја, што го прави совршен избор за поставување полрај прозорец. Она на што треба да внимавате кога станува збор за ова растение е фактот дека е многу отровно, па затоа е пожелно да се чува подалеку од дофат на деца и домашни миленици.
ЈАСМИН
Јасмин е растениекое може да се пофали со многу миризливи цветови кои се појавуваат кон крајот на зимата. Белите цветови на јасмин се едноставни, но ги има во изобилство и навистина можат да ја направат убава секоја рамка на прозорецот. Растението јасмин сака силна, но не и директна сончева светлина. Потребни му се влажни услови за раст.
ХИБИСКУС
Ретко ќе сретнете растение кое може да ја развесели внатрешноста на домот со таква леснотија како хибискусот. Местото во соба со силна светлина е од суштинско значење за растот и цветањето на хибискусот во затворен простор. Почвата во која се наоѓа ова растение не смее да биде премногу влажна, но не му прија ниту претерана суша.