Од Скопје, т.е. од државава со воз во странство може да се патува единствено до Блаце. Брзиот воз до Приштина е единствената странска дестинација до која можат да патуваат граѓаните.
Возот кон Солун и Белград се сообраќа само во лето. Воедно, од Железничката станица во Скопје за годинава се предвидени само 19 поаѓања дневно, а во моментов функционираат единствено 17 возови. Од Скопје до Кичево и Кочани има по еден воз дневно, и тоа во попладневните часови. Кон Битола привремено не сообраќа експресниот воз „Пелагонија експрес“, а од почетокот на годинава меѓу Скопје и Битола има само три патнички возови дневно.
Македонски железници – Транспорт пред една деценија одржувале седум меѓународни возови дневно, и тоа кон Белград, Солун, Приштина и Ниш.
Падот на железничкиот сообраќај во Македонија е уште поевидентен доколку се земат предвид возните редови на железничкото претпријатие од 90-тите години на минатиот век. Од скопската железничка станица биле предвидени дури 32 поаѓања секој ден во периодот 1995/1996 година.
Број на возови од Скопје во еден ден:
|
|
2019
|
1996 |
Битола 4 |
Битола 6 |
Кичево 1 |
Кичево 4 |
Куманово 4 |
Куманово 10 |
Кочани 1 |
Кочани 5 – неделно |
Велес 11 |
Велес 15 |
Гевгелија 2 |
Гевгелија 5 |
Приштина 1 |
Приштина 2 |
Белград 1 – сезонски |
Белград 6 |
Солун 1 – сезонски |
Солун 3 |
Атина 0 |
Атина 1 |
Будимпешта 0 |
Будимпешта 1 |
Виена 0 |
Виена 1 |
Во 2018 година се укина и меќународниот воз од Белград до Солун.„Србија воз“ уште во јануари 2018. ги известиле МЖ – Транспорт дека во согласност со грчки „ TrainOSE “, донеле одлука за укинување на линијата поради економска неисплатливост. Таквата одлука ја донеле како железнички управи од каде што тргнува односно пристигнува возот, а МЖ – Транспорт како транзитна железничка управа има право само да вложи приговор.
Сега Македонски железници – Транспорт го најавуваат проектот „На кафе во Солун“ и велат дека се во преговори со грчкото железничко претпријатие TrainOSE за воведување на нови поаѓања од Скопје за Солун, за туристичките центри Лептокарија и Неи Пори, но и за директна врска од Скопје до Истанбул.
Доколку успеат преговорите со „Србија воз“, експресниот воз „Хелас експрес“ кон Белград и кон Солун би сообраќал подолго време, а не само во периодот од 15 јуни до 16 септември.
Од Македонски железници – Транспорт информираат дека се направени првични разговори со турските железници за можно воведување на директен воз Скопје – Солун – Истанбул.
И додека траат преговорите меѓународен железнички сообраќај во моментов функционира единствено кон Косово со брзиот воз што секојдневно сообраќа на релацијата Скопје-Приштина-Скопје.