Денеска од 17 часот ќе се одржи бесплатна велосипедска прошетка до Римскиот водовод во Скопје. Прошетката е организирана во рамките на Европската недела на мобилност и цели да ја подигне свеста на граѓаните на Скопје за можноста да го користат својот велосипед како средство за разонода.
Прошетката ќе започне од пунктот за изнајмување на велосипеди, лоциран пред Воената болница во Скопје. На тој начин тие што сакаат да дојдат, а немаат велосипед, ќе може да изнајмат еден од градскиот систем за изнајмување на велосипеди. Учесниците треба да си понесат нешто за пиење и јадење, бидејќи таму ќе може да се направи краток пикник, додека им се објаснува за значењето и историјата на водоводот.
Крајот на прошетката е предвиден за 19 часот. По тоа учесниците се повикани да продолжат на отворањето на Балканскиот велосипедски фестивал на Плоштад Македонија.
Велосипедската прошетка е во организација на платформата за велосипедски тури и водичи во Македонија во соработка со Здружението на граѓани 4 елементи, а поддржана од Град Скопје.
За повеќе информации:
Бојан Ранташа, [email protected], 070 876353
Јулијана Пецалевска, [email protected], 075 240 022