Насловна / Вести / Со урбано ремоделирање Естепона се поврзува со Медитеранот

Со урбано ремоделирање Естепона се поврзува со Медитеранот

Проектот за ремоделирање на урбаната матрица на градот Естепона вклучува два капитални зафати и тоа:

1. Креирање културно-трговска зона која го поврзува градот преку морето

2. Инфраструктурна мрежа за алтернативен сообраќај кон ‘Jardin de la Costa del Sol’, со 130 пешачки улици

3

2

Естепона има тенденција се повеќе да се отвара кон Медитеранот. Амбициозниот урбан зафат на површина од 1,5 хектар покрај морето, промовира пешачка инфраструктура долж крајбрежната зона, која ќе биде дополнета со социо-културни намени и шопинг центри.

Сеопфатното ремоделирање е инвестициска рамка кофинансирана со Стратегијата за одржлив и интегриран урбан развој (EDUSI) „Estepona, Jardín de la Costa del Sol“ на Европскиот фонд за регионален развој (ЕРДФ).

Реализацијата на овој плански опфат е најважната урбана трансформација што ќе биде спроведена во Естепона во последниве години бидејќи има за цел да го интегрира градското ткиво со околниот контекст, преку соодветно надоврзување и почитување на веќевоспоставените урбани принципи на античкиот град преку инфраструктурни конектори (мостови).

Новиот културен комплекс како социјален атрактор ќе содржи повеќе концертни сали, изложбен простор и вертикална библиотека, каде што посетителите ќе можат да уживаат во поглед на градот од 360 степени. Проектот, чие завршување е предвидено во првото тромесечје од 2023 година, е дело на  урбанистот Салвадор Морено Пералта, добитник на Националната награда за урбанистичко планирање.

Преку реурбанизација на околината, се формира нов урбан центар, со што се акцентираат главните оски на градот, и истовремено се овозможува поголема пристапност кон морето, генерирајќи и нов фокус на туристичка атракција.

Зафатот се протега под авенијата (España), искористувајќи ја големата висинска разлика во нивото на шеталиштето и плажата. Кровната површина над културниот комплекс, која е всушност на ниво на авенијата, ќе генерира континуирана пешачка површина (мали плоштади и паркови), со визури кои градат своевидна референца на видиковец над Средоземното Море. Токму висинската компонента на пешачките коридори додава посебни социопетални квалитативни особености на јавниот простор, како ,,балкон кон морето”.

4

1

Оваа голема пешачка област ќе биде поврзана со проектот „Естепона, градина на Коста дел Сол“, со кој е постигнато ограничување на патниот сообраќај во повеќе од 18 километри што одговараат на 130 патишта, кои се реновирани во сите нивни инфраструктури и услуги. ; како и украсен, истакнувајќи го неговиот андалузиски карактер. Овој урбанистички проект ќе претставува синоним за нов градски модел, насочен кон обезбедување на начелата на достапност, независна мобилност, безбедност, стимулација на физичка активност и создавање зелени простори, што впрочем го прават еден современ град одржлив.

Испрати коментар

Scroll To Top