Насловна / Вести / Со урбанизам против заразни болести – кратка историја на хигиената на градовите

Со урбанизам против заразни болести – кратка историја на хигиената на градовите

Кога ќе ги погледнеме проблемите со хигиената на нашите градови, ќе видиме дека тие сите овие векови не се променели многу и највеќе се сведуваат на два клучни проблeма – решавање на доведувањето чиста вода и одведување на отпадната.

Со изградба на водовод и канализација со што на населението му се овозможува лична и колективна хигиена, на прво место се спречува ширење на заразни болести. Познато е дека една од поголемите епидемии на колера го погодила Лондон во средината на 19. век, а во тој период Париз смрдел на километри во недостаток на квалитетна канализација.

Овие и други европски градови биле посебен проблем, бидејќи рапидно се ширеле, а градските челници не знаеле на кој начин, што побрзо и поефикасно да го решат проблемот на одржување, особено на работничките и сиромашни квартови. Дали можеме да замислиме дека модерното WC (wather closet) во втората половина на 19. век било привилегија, исклучиво на ексклузивни куќи и згради, луксузни хотели и модерни деловни објекти, а дека присуството на топла вода во некои краишта на Европа е решено дури од половината на 20. век?.

Се ова влијаело на општата хигиена и (не)функционирањето на градовите. Меѓутоа, некои револуционерни архитектонско – урбанистички решенија ја добиле битката за чисти градови во кои ние сега живееме.

par

Париз

Антички Рим и раѓање на урбана хигиена

За Античките Римјани често се вели дека архитектурата ја превземале од Античките Грци, но тоа тврдењењ не е во потполност точно. Тие ја превземале од Грците архитектонската естетика, но во некои сегменти на архитектурата и урбанизмот направиле вистинска револуција.

За ова пишува Марко Витрувиј во своето дело „Десет книги за архитектурата“, особено во осмата книга, акцентирајќи го водоснабдувањето на градовите. Тоа пред се се манифестирало во изградба на комплексни системи на аквадукти, со кои водата е носена од големи далечини во урбаните центри, снабдувајќи дури и стотици илјади жители со вода за пиење. Со дел од таа вода се снабдувале и градските чешми и фонтани со што пристапот до вода за пиење станал јавно добро за римските граѓани.

rim

Римска канализација

Меѓутоа она што Витрувиј од некоја причина не го спомнал е системот на канализација, кој можеби бил и поважен за опстанокот и развитокот на римските градови. По примерот на две главни градски улици Cardo и Decumanus, кои се вкрстувале под прав агол во центарот на градот, поврзувајќи ги останатите помали улици, така под уличната мрежа се наоѓала слична шема на канализациини одводи. Главниот канализационен одвод се нарекувал Cloaca Maxima, а во него се слевале поединечни одводи од приватни куќи и јавни згради, со тоа обезбедувајќи хигиена дури и во најголемите градови на Царството.

Средновековна деградација до средината на 19. век

Се ова исчезнува со распадот на западноримската цивилизациј и раѓањето на нови средновековни градови. Многу антички градови, погодени од честите упади на варварите и други странски заповедници, ги напуштаат своите некогашни урбани простори и се повлекуваат во нешто поголеми утврдени населени места, бледи сенки на некогашните метрополи, пренатрупани со приватни куќи, сакрални и воени објекти и со понкеоја палата на владетелот, а се тоа без присуство на чиста вода и канализација.

На гравурите настанати во средниот век, може да се забележи дека жителите своите отпадни води, едноставно ги истурале преку прозор, па така улиците на градовите ширеле неподнослива смрдеа. Така, со мали измени, функционирала Европа до првата половина на 19. век. Со ваква состојба особено биле погодени метрополи како Лондон и Париз.

Не е чудо што помали или поголеми епидемии избивале секои десет до дваесет години во кои животот го губело, некогаш и третина од градското население.

Барон Осман – со урбанизам против зараза

Францускиот император Наплеон III Бонапарта, во тек на своето речиси дводецениско владеење, му подарил на Париз изглед, каков што воглавном денес го познаваме. Кога во 1852. година го завршил мандатот претседател на Републиката и станал император на Второто Француско царство, ја искористил својата апсолутна моќ, непречено да тргне во решавање на социјалните, инфраструктурните и урбанистичките проблеми на престолнината.

Според неговите зборови, Париз во половината на 19. век и понатаму бил прљав, загушлив, со константна смрдеа која се ширела долж населбите. Исто така тесните, неуредени улици биле погодни за правење барикади на бунтовните групи, со оглед на тоа дека тогаш револуциите избивале на секои пар децении.

За да ги реши овие проблеми Наплеон III наредил градот потполно да се реконструира, да се изградат широки булевари, кои ќе бидат погодни за настапи на војската и спречување на барикадите, но што е најважно да се изгради и потребната инфраструктура, која ќе овозможи градот па почне да дише сообраќајно, хигиенски и естетски.

par1

Централниот дел на Париз го сочинува прочуената Axe Historique, т.е., Историска осовина или Триумфалаен пат, должина околу осум километри

За оваа работа го ангажира баронот Жорж-Ежен Осман. Тој не бил архитект, туку политичар, но имал визионерски идеи за преуредувањето на Париз. Овие потфати од неколку причини се оспорувани, на прво место поради сеопфатноста и радикалноста на проектот, а на второ место затоа што работите биле поврзувани со финансиски малверзации.

Имено, според проектот, било потребно да се срушат 19.000 објекти и да се изградат дупло повеќе на територијата на централната зона на Париз, а за сето тоа Наплеон III обезбедил две големи позајмици од 250 и 260 милиони франци. Овие факти биле предмет на големи критики, кои во 1870. година условиле повлекување на Осман од раководењето со проектот, кој е завршуван неколку децении по неговото заминување.

Париз добил пространи авении и булевари со неколку ленти, пешачки тротоари со задолжителни дрвореди, кои ги штителе зградите од прашина, бучава и загадување. Изградени се пространи плоштади со улици кои се протегаат радијално, уредени паркови и шеталишта долж Сена.

par2

Проектот на баронот Осман: со црна боја се уцртани новите булевари

Особено значајна била изградбата на најсовремена мрежа на водоводни, канализациони и гасни инсталации, кои овозможувале непречено снабдување со вода за пиење, осветлување и одведнување на отпадните води. Сите новоизградени згради, било да биле со станбена или јавна намена, имале вградени водводни инсталации со систем на вертикали каков што се применува и денес, кои се влевале во централни колектори кои се протегале под сите улици. Жителите на Париз можеле да одржуваат пристојна хигиена, со што се застанало на патот на честите зарази, што не се случило од времето на Антички Рим.

 Ле Корбизје – чекор понатаму во решавање на проблемот

Ако парижаните успеале да го преболат Осман и да добијат Град на светлината, каков го познаваме денес, тоа не се случило со Ле Корбизје, чии идеи оделе чекор понатаму и уште порадикално настапувале против урбаните и комунални проблеми на пренаселените метрополи. Тој сакал уште попространи улици, но и  слободностоечки згради, кои се добро осончани и проветрени, со многу парковски површинеи и паркинг места кои ги опкружуваат.

Проекти како „Град за три милиони жители“ и „Осветлен град“ на сличен начин решавале различни инфраструктурни проблеми. За почеток, сообраќајниците биле уште пошироки, но и одвоени од пешачката зона со систем на пасарели и подигнати улици и плоштади, по кои жителите можат слободно да шетаат, не доаѓајќи во контакт со автомобилите.

kurb

проектот на Корбизје за радикална реконструкција на Париз

Водоводот, канализацијата и другите инсталации било предвидено да проаѓаат низ облакодерите долж една или повеќе заеднички вертикали, што ја олеснувало изградбата и одржувањто.  Катноста на кулите го гарантирала нивното дистанцирање едни од други, но и од смогот и бучавата, а големите тракасти прозори многу повеќе сонце во текот на целата година.

И Корбизје бил визионер, можеби далеку поголем од Осман (за Корбизје планот на Осман бил застарен, а Париз и понатаму пренатрупан со луѓе и сообраќај), но неговите проекти не наишле на одобрување. На нив се гледало како на премногу радикални, исклучиви и дека не го почитуваат историското наследство. Исто така и на димензиите кои ги предвидувал, кои ја надминувале мерката на човекот, па така во самиот старт им биле одбојни на многумина.

Во еден од своите проекти славниот архитект, помалку неславно се „пресметал“ со Париз, според кој централната зона на градот би била во потполност срушена , а на наејзино место би дошле неговите облакодери кои биле крст во основа. Ова за политичарите било премногу, но и за граѓаните, кои не го прифатиле неговото решение. Меѓутоа, идеите на Корбизје продолжиле да живеат, рака на срце во поскромна форма, преку сите нови станбени четврти или цели градови кои се градени по Втората светска војна.

kurb1

Корбизје: централната зона на градот би била во потполност срушена , а на наејзино место би дошле неговите облакодери кои биле крст во основа

Што повеќе свеж воздух

Идеите кои ги застапувале визионери како Осман и Корбизје и денес се присутни во современите градови или во градови кои се планираат и градат. Ако се иземе градење во стари историски јадра, секоја нова урбана целина се планира, проектира и гради по овие принципи – што повеќе свеж воздух и сонце, зеленило, што попроодни собраќајници (надземни и подземни), кои би спречиле застој во сообраќајот и секако ефикасен систем на инсталации, кои олеснуваат функционирање и високо ниво на хигиена, што е клучно за одржување на здравјето на населението.

Извор. Градња

Испрати коментар

Scroll To Top