Насловна / Вести / Со употреба на репарирани делови, Renault ја намалува цената на електричните возила

Со употреба на репарирани делови, Renault ја намалува цената на електричните возила

Renault е еден од брендовите кои вложуваат доста напори во воспоставување на циркуларната економија. Најновиот план укажува на користење на обновени делови со цел поевтинување на нивните електрични автомобили за 30%.  Притоа, во оптек се три клучни компоненти на електричните возила, кои највеќе придонесуваат за намалување на трошоците. Репариран електромотор, електроника и батерија, првично ќе бидат понудени на сопствениците на следните модели: ZOE, Twingo E-Tech, Kangoo E-Tech, Master E-Tech и Megane E-Tech.

1_67

Но, францускиот производител не планира тука да запре. Имено, Renault има за цел до крајот на оваа деценија во своите нови автомобили да вгради една третина материјали кои биле рециклирани. Планот за вградување на репарирани делови ќе се спроведува во фабриките во Франција, Турција и Шпанија. Посебно е интересна организацијата на работата во фабриката во Франција, во насока на циркуларност и екологија. Re-trofit одделот е осмислен за ремонт на половни возила од било кој бренд, а за моделот Master III се нуди и конверзија на електричен погон. Re-energy дивизијата е посветена на овозможување подолг живот на батериите, додека Re-start со 160.000 часови обука во фабриката во Флинс, во Франција, ги обучува вработените за циркуларна економија и одржлива мобилност.

Испрати коментар

Scroll To Top