За зачувување на старата архитектура во Струга општината ќе прави повеќегодишна стратегија, најави градоначалникот Зијадин Села.
– Ќе има петгодишен проект во кој ќе бидат предвидени уредувањето на централното градско подрачје, градење на мостот и влегување внатре во стариот дел од градот и старата чаршија за да се средат улиците. За да биде интересно за туристите кои ќе доаѓаат, но и за граѓаните на Струга, изјави Села.
Тој најави и воведување стандарди за тоа како ќе изгледа Струга однадвор, почнувајќи од фасадите на сите објекти. – Сметам дека Струга треба да го зачува тоа што е традиционално и автентично за архитектурата на градот. Тоа треба да се одрази и на модерните објекти, додаде Села.